1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Избори во Бугарија со обвинувања за фалсификување

Бугарите денеска (12.05) избираат нов состав на парламентот. Гласањето е проследено со обвинувања за манипулации. Експертите проценуваат тесен исход, по кој би следувал вакуум во власта.

Бугарската полиција вчеравечер заплени 350.000 фалсификувани гласачки ливчиња. Според обвинителството, тие се најдени во печатница во Костинброд, која е во сосптвеност на Јордан Бончев од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Бончев отфрла секакви обвинувања и нагласи дека има лиценца за печатење на гласачки ливчиња. Преодната влада пак, соопшти дека веќе ги добила сите 8,34 милиони избирачки ливчиња што ги нарачала и дека тие се веќе доставени до изборните места.

Се проценува дека исходот од изборите ќе биде тесен и дека тоа на најсиромашната земја на ЕУ би и‘ донесло вакуум во власта кој ќе трае со

Bulgarien Aufdeckung einer Wahlzettelfälschung

Запленети се 350.000 фалсификувани ливчиња

 месеци. Според истражувањата на јавното мислење, централно-десната партија ГЕРБ ќе води борба рамо до рамо со социјалистите.

Шест години по приклучувањето кон ЕУ, во Бугарија има големо незадоволство од политичката елита. Партијата ГЕРБ на премиерот Борисов во февруари годинава, по насилните демонстрации против корупцијата во земјата, растечката невработеност и восоките цени на струјата, гасот и водата, даде оставка. Во моментов земјата ја води преодна влада. ГЕРБ се залага за стриктна буџетска политика, додека социјалистите ветија намалување на невработеноста, намалување на даноците на граѓаните со ниски плати и државно задолжување кое ќе се одржува на ниско ниво.