1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори во Австралија во септември

Австралискиот премиер Кевин Рад ги распиша денеска парламентарните избори за 7 септември, на кои за Сенатот во австралиската држава Викторија ќе се кандидира и основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж.

Премиерот го објави датумот на изборите во електронска пошта која им ја испрати на приврзаниците. Рад стана премиер пред шест недели кога поранешната премиерка Џулија Гилард е мсменета на партиските избори.

Популарноста на Рад, кого неговата партија го смени од премиерската функција во 2010 година, се зголеми откако се врати, но конзервативниот опозициски лидер Тони Ебот и понатаму е фаворит за победа на изборите.

Од вкупно 150 пратенички места во Парламентот, Владата моментално има 71 пратеник, опозицијата 72, Зелените еден, а шестмина пратеници се независни. Во меѓувреме, 42-годишниот Асанж изјави дека е горд на поддршката која ја ужива во Австралија само неколку недели пред изборите.