1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Избори без корупција

Кампања, политика и избори без корупција, тоа е новиот притисок на дипломатите и домашната јавност за транспарентност на партиските фондови пред и по претстојните претседателски и локални избори во март.

default

Партиите треба да дадат отчет за парите за кампања

Скапите кампањи, нерационалното трошење на буџетските средства се индикација за илегалните трансфери од фирмите кон партиите или личностите што се фаворити за претседател или за идни градоначалници. Од каде се парите за ексклузивните кампањи кои десеткратно ги надминуваат законските лимити? Партиите кријат, донаторите молчат.

Без контрола на парите што влегле во партиите и јасност за тоа кои се финансиерите, нема регуларни избори, вели Сашо Ордановски од организацијата „Транспарентност Македонија. “

Mazedonien Wahlen 3

Успешни избори-тест за Македонија

Протежирањето фирми-најчеста форма на корупција

Достапност на партиските сметки побараа и луѓето од Антикорупциската комисија во Македонија во присуство на евроамбасадорот Ерван Фуере вчера попладнето. Тој пак во интензивното еднонеделно лобирање од бизнис-заедницата до градоначалниците и владата побара:

„Потребно е да се почитуваат правилата за тендерите за јавните набавки.“

Фаворизацијата на одредени фирми да добијат бизниси од владата и општините преку буџетските средства е најчестиот модел на корупција. Преку тоа се создаваат илегалните партиски фондови, заклучи во една неодамнешна дебата универзитетскиот професор Абдулменав Беџети. Тој исто така рече дека нема влада што се откажала од т.н. десет проценти од секој бизнис, половина за партијата, другото за личните џебови.

Штом беа распишани претседателските и локалните избори кои треба да се одржат во март, владата го запре емитувањето на соопштенијата, скапите телевизиски кампањи за популаризација на своите проекти. Но ниту по осум месеци од вонредните парламентарни избори партиите не направија отчет кој ги финансирал и од каде им беа парите за скапите изборни кампањи.