1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборите ќе се одразат врз евроинтеграцијата

Предвремените парламентарни избори во Македониjа, што ќе се оддржат на 5 јуни, ќе имаат клучно значење за eвроинтегративниот процес на земјата, сметаат европратениците.

default

Richard Howitt

Ричард Хауит

„Предвремените парламентарни избори ќе бидат од клучно значење за државата во нејзиниот интегративен процес, како дел од исполнувањето на критериумите од Копенхаген“, вели во писмената изјава Ричард Хауит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент.

Британскиот европратеник притоа додава дека „обврската на владата и на сите политички партии е да се обезбедат слободни и фер избори.“

За тоа како овие избори ќе се одразат врз евроинтегративните процеси на Македонија, словенечкиот европратеник Милан Звер вели: „Тешко, тешко е да се каже, не е само проблемот со името, постојат и некои други проблеми. Идната

Doris Pack

Дорис Пак

македонска влада ќе треба да пронајде силни соработници, пријатели и поддржувачи во ЕУ, што очигледно во моментов ги нема доволно.“

„Проблемот со името останува се’ уште, тоа е можеби повеќе по грешка на Грција отколку на Македонија, но потребно е со новите импулси од изборите да се направи обид да му се стави крај на ова прашање, се разбира со зачувување на македонскиот идентитет, бидејќи токму околу ова се појави проблемот последниот пат во преговорите“, нагласува германската европратеничка Дорис Пак.

„Потребно е да се оди и да се гласа! Се надевам, дека политичарите кои ќе победат на изборите вистински ќе се грижат за земјата и ќе се обидат да ја развиваат Македонија кон Европската унија“, додава таа.

Кампањата е „добра и демократска“

Европратениците во досегашниот тек на предизборната кампања останаа многу подискретни, тие што на еден или друг начин се вклучија во неа или беа во Македонија во овој период, предизборната кампања ја оценуваат како „демократска и фер“. „Мислам дека кампањата е добра и демократска, на многу добар пат со европски манири“, вели германскиот европратеник Бернд Поселт, еден од потврдените пријатели на Македонија.

Во Стразбур не се крие очекувањето дека на денот на изборите и по нив, Македонија ќе треба да го покаже својот демократски капацитет, и се надеваат дека земјата ќе продолжи со реформите.

Bildserie Schwerpunktwoche Europa Wahl Europaparlament

Пораки за идните претставници на народот

Милан Звер, не сака да се меша во внатрешните работи и во политичката ситуација во Македонија. „Но би сакал да луѓето ги изберат оние кои ќе бидат поефикасни на подрачјето на реформите, кои ќе бидат проевропски и ќе остварат стабилност во регионот“.

Македонија во овој период е под лупата на Стразбур и Брисел, каде не се заборавени проблемите со изборните процеси во минатото, ниту пак недостигот на политички дијалог меѓу водечките партии во земјата, што доведе до овие избори. Изборниот мониторинг од страна на странските набљудувачи, сигурно е дека ќе се најде и ќе влијае врз извештаите на Европскиот парламент, Европската комисија и Парламентарното Собрание на Советот на Европа, што ќе се одрази врз евроинтегративните процеси на Македонија.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM