1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборите се одвиваат претежно мирно

Гласањето во вториот круг од претседателските и локалните избори во Македонија тече главно мирно. ДИК соопшти дека до 13 часот одзивот на гласачите за избор на претседател на државата е 19,53 проценти.

default

Повеќе од милион и седумстотини илјади избирачи се очекува денеска да изберат шеф на државата и градоначалници во преостанатите 43 општини, во кои не беа избрани пред две седмици во првиот круг.

Државната изборна Комисија во Македонија соопшти дека до 13 часот одзивот на гласачите во вториот круг претседателски избори изнесува 19,53 насто.
Излезноста на гласачите до 13 часот е помала за шест проценти во однос на првиот круг претседателски избори одржани на 22 март, кога била 26,24 проценти, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски, додавајќи дека изборите минуваат мирно.

Wahlen in Mazedonien

На локалните избори пак според ДИК излезноста до 13 часот била 24,44 отсто, при што за град Скопје се изјасниле 20, 46 отсто од граѓаните со право на глас.
Новаковски истакна дека до ДИК има пристигнато неколку пријави за можни нарушувања на изборниот процес и тие се проверуваат.

Македонските граѓани денеска имаат можност да го дадат својот глас за еден од двајцата претседателски кандидати, кои во првиот круг добија најголем број гласови- Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски од СДСМ. На вториот круг од изборите за градоначалник се гласа во 43 општини и Градот Скопје.

Прв круг за избор на градоначалник има во осум општини и тоа во Желино, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Студеничани, Чучер Сандево, Долнени, Другово, Зелениково каде што има 69 избирачки места со 13.730 избирачи. За избор на советници прв круг гласање има во 21 општина на 119 избирачки места со 12.275 избирачи.

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. За да успеат изборите, на избирачките места треба да излезат најмалку 40 проценти од запишаните гласачи.