1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборите се одвиваат мирно, помал одзив на гласачите

Одзивот на гласачите до 17 часот на вториот круг претседателски избори во Македонија изнесува 33,65 насто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски.

default

Граѓаните на Македонија денеска по четврти пат на непосредни избори избираат шеф на државата, а по петти пат градоначалници во општините, во кои по првиот круг на гласање никој од кандидатите не го освои пoтребното мнозинство.
Новиот претседател во второт круг се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски, кандидат на СДСМ, кои во првиот круг добија најголема поддршка од гласачите. Иванов, според податоците на ДИК освои 345.850 гласови, а неговиот противкандидат Фрчкоски 202.691 глас. Oдзивот во првиот круг од претседателските избори беше 56,88 проценти.

Одзивот на гласачите денеска до 17 часот на вториот круг претседателски избори во Македонија изнесува 33,65 насто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски. Тој додаде дека во првиот круг на изборите за претседател на земјата пред две недели до 17 часот на гласање излегле 48,73 проценти од запишаните избирачи.
Одзивот на гласачите за избор на градоначалник на Скопје во вториот круг до 17 часот изнесува 33,98 проценти, а на локалните избори гласале 41,69 насто од гласачите.
Претседателот на ДИК Александар Новаковски соопшти дека гласањето денеска се одвива во добра атмосфера и без посериозни неправилности.
ДИК е информирана за одредени неправилности во Струга. Овие неправилности Општинската изборна комисија се‘ уште ги испитува и треба да испрати соопштение до ДИК, велат оттаму.

Mazedonien Wahlen 2009

На вториот круг од изборите за градоначалник се гласа во 43 општини и Градот Скопје.

Прв круг за избор на градоначалник има во осум општини и тоа во Желино, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Студеничани, Чучер Сандево, Долнени, Другово, Зелениково каде што има 69 избирачки места со 13.730 избирачи. За избор на советници прв круг гласање има во 21 општина на 119 избирачки места со 12.275 избирачи.

Гласачките места се отворени до 19 часот. За да успеат изборите, на избирачките места треба да излезат најмалку 40 проценти од запишаните гласачи.
ЖА/МИА/МАКФАКС