1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Изборите се бизнис за партиите“

Дали меѓу изборните циклуси се подобрува животот на македонските граѓани? Тие велат - политиката повеќе мисли на избори отколку на исполнување на ветувањата. Веројатно затоа има се‘ повеќе апатични и неопределени гласачи

default

Ред избори, ред неисполнети ветувања, па пак избори

Како што станува се‘ поизгледна можноста за предвремени избори, се‘ побројни стануваат анкетите што го мерат пулсот на граѓаните во однос на партиските и рејтинизите на политичарите. Резултатите се различни во зависност од нарачателот и спроведувачот на анкетата. Заедничко за сите е се‘ поголемиот број неопределени, односно граѓани кои нема да гласаат на изборите. Во анкетата на Дојче Веле таа апатија граѓаните ја објаснуваат со аргументот дека се уморни од избори. Повеќе сакаат политичарите да ги остваруваат ветувањата, отколку да си ги одмеруваат силите на избори. Сметаат дека по две децении самостојност политиката треба и мора да се стави во служба на општото добро, а не само на интересите на партиите и останатите учесници во политичкиот процес.

„Дали ќе сменат изборите нешто? Досега ниту едни избори не смениле ништо. Изборите се бизнис за партиите“, велат граѓаните.

Wahlen in Mazedonien

Дел од избирачите се уморни од избори и кампањи

Голем број од анкетираните не сакаат да бидат сведоци на напорната предизборна кампања, да ги гледаат ликовите на политичарите кои преку тв-спотовите и билбордите ќе се расфрлаат со ветувања.

„Актуелната влада да си ги исполни ветувањата пред да има избори. Народот преживува од избори до избори.“

Граѓаните очекуваа 2011 да биде искористена за надминување на препреките и предизвиците пред кои е исправена земјата. Се надеваа дека политиката ќе троши енергија за реализација на програми што ќе дадат резултати, а не на предизборни препукувања. Економијата, а честопати и вкупната состојба во државата, паѓа во заложништво на изборните кампањи. Нема причина и сега да биде поинаку.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска