1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборите мора да бидат слободни и фер

Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер денеска на лидерите на партиите на Албанците во Тетово им пренесе порака од Белата куќа. „Коректни избори се важен чекор за иднината на земјата“, истакна Рикер.

default

Филип Рикер, американски амбасадор во Македонија ( десно)

Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер денеска во Тетово одржа одвоени средби со лидерите на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, и на Нова демократија, Имер Селмани. По средбите Ахмети, Тачи и Селмани упатија декларативни пораки за фер избори, без инциденти и се обврзаа дека ќе водат позитивна кампања.

Рикер, пак истакна дека на средбите со тројцата лидери им пренел, како што рече „многу важна порака од американскиот претседател Барак Обама и државната секретарка Хилари Клинтон“.

„ Оваа кампања и овие избори во Македонија мора да бидат фер и слободни, без насилство и закани. Тие треба да и обезбедат на земјата позитивен исчекор кон нејзината иднина“, рече американскиот амбасадор. Тој уште нагласи дека на овие избори нема место за оружје, или за создавање атмосфера за закани и насилство.

Mazedonien Land und Leute Stadt Tetovo

Тетово

Лидерите на партиите на Албанците не седнаа на заедничка маса

Американскиот дипломат денеска не успеа да ги собере на заедничка маса Ахмети, Тачи и Селмани. Сепак, тој изрази задоволство од средбите, на кои како што кажа се говорело заеднички било констатирано дека коректниот тек на изборната кампањата е во интерес на сите граѓани на Македонија.

„ Таа треба да биде позитивна и слободна“, рече Рикер. Рецептот за успешна и фер изборна кампања според него гласи:

„Кампањата треба да се фокусира врз прашањата од политиката, дури и врз карактерите на кандидатите, но, не кон закани. Во кампањата и на изборите нема место за тоа, нема место за употреба на оружје, за групи млади луѓе кои кинат предизборни плакати на политичките опоненти“, порача американскиот амбасадор во Македонија.