1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Изборите мора да бидат демократски

Во Охрид денеска се одржа средба на претседателот Бранко Црвенковски со градоначалниците на општините од цела Македонија на тема-претстојните парламентарни избори.На неа присуствуваа и претставниците на ЕУ,САД и ОБСЕ.

Охрид-договор пред изборите

Охрид-договор пред изборите

Претстојните избори во Македонија се неопходен,но но и доволен предуслов за членство на земјата во НАТО и во ЕУ,ако тие не бидат спроведени демократски,ќе значат во секој случај оддалечување на Македонија од веќе трасираниот пат.На ова се согласни сите учесници од денешната Охридска средба.Претседателот Бранко Црвенковски од градоначалниците го побара следново:

-Вие сте личности кои сте избрани на непосредни избори од граѓаните.Тоа самото по себе зборува за еден исклучителен и легитимитет и авторите кој го имате во своите средини.Јас би сакал да ве замолам тој авторитет да го вложите со цел да се креира еден позитивен амбиент за одржување на претстојните парламентарни избори,да се создаде една атмосфера во која сите или најголем број од нашите сограѓани ќе се најдат во ситуација навистина слободно и демократски да ја изразат својата волја .

За амбасадорот на САД во Македонија,Џилијен Миловановиќ,претстојните избори треба да бидат политички,а не физички натпревар.Според амбасадорот на ЕУ Фуере,минатогодишните локални избори во Македонија биле најлошите кои досега се одржале.Ако изборите не бидат фер,напорите кои ги прави Македонија за влез во НАТО и во ЕУ сериозно ќе бидат загрозени,рече Фуере.Тој апелираше исто така до градоначалниците да ги искористат своите ангажмани и добрата волја во контактите со политичките партии да се обезбедат фер избори и да се избегнуваат активности кои можат да ја влошат меѓуетничката состојба во Македонија.Претставникот на ОБСЕ,Паиш ,најави дека делегација на ОДИХР ќе ја посети Македонија како претходница и ќе разговара со сите надлежни субјекти во врска со изборите.Исто така Паиш најави дека следната недела во Скопје ќе дојде и претседавачот на ОБСЕ,белгискиот министер за надворешни работи,кој ќе ги пренесе оценките и очекувањата на Брисел од претстојните избори во Македонија.ОБСЕ и ОДИХР најавува не само мониторинг на одржувањето на изборите,туку и на целата предизборна кампања.