1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборите во Авганистан минаа во „речиси нормални“ услови

Околу 40 насто од Авганистанците гласаа на парламентарните избори, што во земјата и странство е оценето како успех. Талибанците ширум земјата извршија десетици напади во кои загинаа 14 лица, главно гласачи.

default

Пребројувањето на дадените гласови на изборите во Авганистан започна

Авганистанците вчера излегоа по вторпат на парламентарни избори од соборувањето на талибанскиот режим во 2001 година. Владата веќе објави дека изборите беа успешни и покрај нападите на талибанците врз гласачките места:

„Победник на овој избирачки процес е авганистанското население и безбедносните сили кои многу поактивно од порано ја гарантираа безбедноста на граѓаните“, изјави Вахид Омар, портарол на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Wahlen in Afghanistan

На некои места имаше дури и редици пред гласачките места

Помалку инциденти отколку на претседателските избори

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го осуди насилството на талибанците на денот на изборите и ја пофали храброста на Авганистанците:

„Можам само да ја почитувам и фалам големата храброст на луѓето и покрај тешките услови на гласачките места“, рече Вестервеле. Тој истакна дека е се’ уште рано за оценка на регуларноста на изборите, но и оти тие биле спроведени подобро отколку што многумина мислеле.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен потврди дека Алијансата ќе продолжи да го поддржува Авганистан и новиот парламент кој ќе биде формиран по изборите. Според проценките на Алијансата парламентарните избори минале помирно од претседателските избори во август минатата година.

Припадниците на ИСАФ регистрирале 303 насилни инциденти додека минатата година имало 479.

Конечните резултати до 31 октомври

Anschlag Wahlen in Afghanistan

Авганистански гласач повреден во напад

Инаку во серијата напади на избирачките места ширум земјата загинаа најмалку 14 лица. Талибанците на својата интернет страница соопштија дека извеле преку 150 напади во текот на гласањето. Сепак напади имаше многу помалку отколку за време на претседателските избори минатата година, зашто многу од нив беа спречени.

Претседателот на независната изборна комисија, Ахмад Манави соопшти дека вчера биле отворени 92 насто од избирачките места. Останатите гласачки места, главно на југот на земјата, не биле отворени поради преголем ризик од напади. Иако бројките не се конечни Малави наведе дека излезноста на изборите била околу 40 насто.

Конечните резултати од гласањето треба да бидат познати до крајот на октомври кога ќе бидат познати имињата на сите 249 новоизбрани пратеници во авганистанскиот парламент.

Автор: СН/ГЧ/ртре/дпа/дв

Редактор: Горан Чутановски