1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборен молк во Македонија

Во Македонија почна изборниот молк во пресрет на утрешните (24.03) локални избори. Денеска право да гласаат имаат лицата во казнено-поправните домови, како и болните и изнемоштените лица.

default

На полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк. Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.446 лица во казнено-поправните домови, лицата кои издржуваат мерка куќен притвор, 136 внатрешно раселени лица, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во колективните домови и прифатните центри каде што се сместени, болните и немоќни лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор гласаат во местото каде ја издржува мерката куќен притвор. Гласањето започна во 7 часот и трае до 19 часот.

Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.

Локалните избори, според Државната изборна комисија (ДИК), ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.