1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избирачите испратија опомена до Обама

Американските избирачи го казнија претседателот Барак Обама на изборите за парламентот. Според прогнозите, опозициската Републиканска партија освои јасно мнозинство во Конгресот и ја намали предноста во Сенатот.

default

Капитол

Владеењето во вторите две години од мандатот ќе стане уште потешко за претседателот Барак Обама. Бирачите им дадоа значително повеќе гласови на опозициските републиканци, кои во иднина ќе можат да ги торпедираат сите законски предлози на Обама. Според прогнозите на американските ТВ станици републиканците можат да сметаат најверојатно со 237 пратенички места во Конгресот наспроти 198 за демократите. Меѓу пратениците на републиканците има и повеќемина од десно-популистичкото движење „Ти парти“, кои се профилираа во јавноста како огорчени противници на политиката на Обама.

USA / Obama / Kongresswahlen / NO-FLASH

Претседателот Барак Обама

Досегашниот лидер на пратеничката група на републиканците во Конгресот Џон Бејнер веројатно ќе стане иден претседател на претставничкиот дом и со тоа трета фигура според политичката моќ во САД по претседателот Обама и заменик претседателот Џо Бајден. Бејнер уште синоќа, по објавувањето на првичните прогнози за исходот, му порача на Обама: „Американскиот народ денеска му упати недвосмислена порака на претседателот Обама: смени го политичкиот курс!“

Бејнер додаде дека Обама може да смета на соработка со републиканците само ако прифати да го смени политичкиот

USA / Boehner / Kongresswahlen

Републиканецот Џон Бејнер

курс што го застапуваше во првите две години од претседателскиот мандат. Според информации од Белата куќа, Обама веќе по телефон разговарал со Џон Бејнер и најавил подготвеност на соработка.

Бејнер и неговата Републиканска партија ја насочија целата изборна кампања кон незадоволството на Американците од економската ситуација. Американското стопанство се’ уште споро се опоравува од светската економска криза, а во пораст е и бројот невработени. Бејнер исто така постојано го истакнуваше огромниот буџетски дефицит, што патем го направи неговата партија додека беше на власт. Тој исто така во предизборната битка вети дека ќе инсистира на повлекување на здравствената реформа во САД, која ја нарече „најголема закана за слободата“. По јасната победа на изборите за Конгресот, Џон Бејнер ќе се најде во улога на предводник на промената на политичкиот курс во САД кон десно.

Автор: ГЧ/ АТ/ дпа/ афп/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM