1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иднината на бискупот од Лимбург и натаму неизвесна

Папата Франциско сега би требало да е информиран за скандалот околу бискупот од Лимбург Тебарц-ван Елст. Тој денеска го прими на аудиенција надбискупот Цолич. Бискупот од Лимбург и натаму чека.

Претседателот на германската бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, на средбата со папата разговараше и за случјот Тебарц-ван Елст, кому меѓу другото му се префрлува на ненаменско трошење при изградба на неговата нова резиденција. По средбата Цолич меѓутоа не наведе детали за разговорот со папата Франциско. Тој имал доверлив разговор со папата за ситуацијата во бискупијата Лимбург, рече Цолич.

Erzbischof Robert Zollitsch in Rom 17.10.2013

Роберт Цолич

Голем број политичари, здруженија и црковни организации го повикаа бискупот Тебарц-ван Елст да се повлече од функцијата. Во поинаков случај само папата би можел да одлучи за разрешување на бискупот. Тој меѓутоа исто така би можел да му укаже на Тебарц-ван Елст да се откаже од функцијата.

Франц-Петер Тебарц-ван Елст денеска повторно не се најде на листата на Ватикан со дневни аудиенции кај папата. Тој од неделата престојува во Рим.

На Тебарц-ван Елст му се префрлува расипничко трошење при изградбата на неговата нова резиденција. Во меѓувреме е јасно дека градежните трошоци ќе изнесуваат најмалку 31 милиони евра. Првично беа планирани 2,5 милиони евра. Освен тоа државното обвинителство во Хамбург поднесе казнен налог против него поради погрешни изјави под заклетва. Станува збор за изјави поради еден лет во прва калса кон Индија.

Schlechte Stimmung im Bistum Limburg

Лимбург

Меѓутоа по едно прашање Тебарц-ван Елст би можел да биде растоварен. Весникот „Билд“ извести дека Управниот совет за имотот на бискупијата Лимбург му издал еден вид генерално полномоштво за подмирување на зголемените трошоци. Весникот притоа се повикува на еден протокол од седница од 1. јули 2011 година. Во него на Тебарц-ван Елст му се издава овластување, „да ги преземе обврските кои се вон буџетските планови доколку тие се врз законска основа или за исполнување на целта на корпоративното друштво“.

Со ваквото овластување контролорите на бискупот значи „ја завршиле својата работа“, цитира весникот едно духовно лице од бискупската конгрегација во Ватикан. Овластувањето дополнително го одобриле и членовите на Советот за управување со имотот. Досега ова тело тврдеше дека било мамено од бискупот за драстичното зголемување на трошоците.