1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иднината на Авганистан се креира во Бон

На голема меѓународна конференција во Бон се расправа за иднината на земјата по повлекувањето на НАТО трупите во 2014-та година. Но, бојкотот на два клучни играчи ги нарушува надежите за успешност на конференцијата.

default

Местото за авганистанската делегација во конференциската сала во Бон

Меѓу 100-те национални делегации и организации ќе ги нема претставниците на Пакистан и на Талибанците. Официјален Исламабад одби да учествува на конференцијата по нападот на НАТО-трупите во Авганистан врз пакистански војници, при што загинаа 24 од нив.

Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, која ќе учествува на конференцијата, изјави дека бојкотот нема на никаков начин да влијае на заклучоците од конференцијата. САД и останатите партнери уверуваат дека ќе се продолжи со помошта за земјата.

Afghanistan Konferenz Hamid Karsai und Guido Westerwelle

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во петокот (02.12) беше дочекан во Бон од страна на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле

„Нема да го заборавиме Авганистан по 2014-та. Нашиот ангажман ќе трае, но ќе биде поинаков. Тој ќе биде повеќе фокусиран на обновата и развојот“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле. Авганистан проценува дека ќе му треба странска помош од околу 10 билиони долари.

Стопирање на финансиски средства поради корупција

Сепак, на собирот се очекува да се нагласи дека се стопираат милиони евра помош за мали развојни пректи, поради финансиски нерегуларности и корупција во главната авганистанска ванка, Кабул Банк. Се очекува во финалните заклучоци да се нагласи и потребата од политичко помирување со Талибанците. Тој проект се предвидува да трае подолго од времето потребно за повлекување на меѓународните сили од Авганистан.

Собирот доаѓа на 10-годишнината од првата конференција во Бон, кога беше поставена привремената влада, по поразот на Талибанците. Во моментов, во Авганистан има 140.000 странски трупи. Кога тие ќе се повлечат до крајот на 2014-та година, Кабул ќе треба да ја преземе одговорноста за безбедбноста во земјата.

Автор: Александар Методијев /афп/ап

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска