1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Игрите се развија во катастрофа за имиџот на Кина

Штафетата со олимпискиот пламен и во САД ќе биде пречекана со протести против кинеската политика спрема Тибет. Во Сан Франциско веќе се одржуваат протести. Тие и натаму се тема на коментари во германските весници.

default

Демонстрации во Сан Франциско против доаѓањето на олимпискиот оган

„Тагесцајтунг“ од Берлин забележува:

„Доколку во Сан Франциско се повторат сцените слични на безредија, тоа сериозно би му наштетило на имиџот на олимписките игри како спортски настан кој ги зближува народите. Сега се одмаздува што на олимпијадите нема форум на кој би можело нешто да и’ биде спротивставено на пропагандата на земјата-домаќин. Јавноста е таму пожелна само како толпа која аплаудира на движењето на факелот, како и во стадионот. Но, такво сфаќање за општеството веќе не се вклопува во денешново време“.


Весникот „Минхнер меркур“ констатира:

„За црвените мандарини игрите одамна се развија во катастрофа за имиџот. Наместо на светската јавност да може гордо да и’ презентира слика на мирољубива економска сила во олимписки сјај, кинеското раководство сега мора да е радосно ако игрите воопшто се одржат според планот. Благодарение на протестите на безбројни луѓе во Атина, Лондон и Париз, дури и тврдокорните игноранти научија дека Кина е управувана од една клика диктатори, која врши културен геноцид врз Тибетанците“.


Весникот „Фајненшел Тајмс Дојчланд“, пак, претпоставува

„дека активистите за човекови права до последен ден ќе ја користат олимпијадата 2008-ма како платформа. Надежта на Меѓународниот олимписки комитет за неполитички игри не е само наивна. Комитетот со тоа ја покрива репресивната политика на Кина. Оттука, поважно отколку да се консултира за продолжување на штафетата со факелот, е Комитетот конечно да заземе јасен став по прашањето за човековите права. Крајно време е да се одржи ветувањето и од Пекинг да се бараат политички реформи во противпотег за олимпијадата“ - смета „Фајненшел Тајмс Дојчланд“.

►◄