1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Игрите може да почнат

Во присуство на повеќе од 100 шефови на држави или влади британската кралица Елизабета Втора ќе ги отвори 30. ЛОИ во Лондон. За медалите ќе се борат повеќе од 10.000 спортисти.

Во цела Велика Британија со звукот на ѕвоната утрово се означи почетокот на 30. Летни олимписки игри. Цели три минути одекнуваа ѕвоната низ земјата. На „концертот“ учествуваа и ѕвоната кои се на бродовите на кралската морнарица, како и минувачите и жителите со нивните сопствени ѕвона, ѕвоната на мобилните телефони и на велосипедите. „Биг Бен“ во  Лондон ѕвонеше 40 пати - толку многу последен пат камбаните на Биг Бен биеа за последен пат на погребот на кралот Георг Шестти, таткото на кралицата Елизабета Втора.

Thronjubiläum der Queen

Кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора вечерва официјално ќе ги прогласи Игрите за отворени на Олимпискиот стадион во Лондон. Германскиот претседател Јоахим Гаук, првата дама на САД Мишел Обама, македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе бидат само тројца меѓу 11 милиони посетители кои се очекуваат во текот на Олимпијадата. Лондон по 1908. и 1948. година третпат е домаќин на Олимписките игри.

Германија се надева на место меѓу првите пет

Повеќе од 10.000 спортисти од вкупно 204 земји до 12 август ќе се натпреваруваат на Игрите. Германија на ЛОИ испрати најмалубројна екипа по повторното обединување на земјата - во главниот град на Велика Британија ќе има 392 германски спортисти. Мотото на тимот овој пат гласи: „Ние за Германија“.  Во три тимски спортови-фудбал, ракомет и кошарка, пласман не изборија ниту женските, ниту машките репрезентации на Германија.  Пред четири години на Олимписките игри во Пекинг, Германија освои 41 медал и беше петтопласирана на листата на најдобри нации, по Кина, САД, Русија и Велика Британија.

Трошоците за организацијата се проценуваат на девет милијарди фунти, но скептичарите се уверени дека ќе бидат многу поголеми - пред се’ поради строгите мерки за безбедност. Официјално ангажирани се 17.000 полицајци, војници и членови на обезбедувањето да ги контролираат Олимписките игри.