1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Игрите можат да почнат

Во Ванкувер се отворени 21-те Зимски олимписки игри. Церемонијата на отворањето беше засенета од трагичната несреќа на грузискиот санкач Нодар Кумариташвили. Тој, на последниот тренинг, излета од патеката за санкање.

default

Ванкувер е трет канадски град домаќин на ЗОИ

„Ги прогласувам за отворени 21-те Зимски олимписки игри во Ванкувер“, рече на отворањето на Олимпијадата генералната гувернерка на Канада Микаел Жан пред околу 60.000 луѓе на стадионот Би-Си Плејс. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог им оддаде почест на Канаѓаните и ги повика сите спортисти да бидат свесни за својата одговорност како пример за младите.

Olympia / Vancouver / Eröffnungsfeier

Олимписките игри ќе траат до 28 февруари

„Повторно сме во Канада, третпат во историјата на Олимписките игри, по Монтреал и Калгари. Сега е редот домаќин на спортистите да им биде западниот брег на оваа прекрасна земја која го сака спортот. И‘ благодарам на Канада за оваа голема верност кон олимписките идеали“, рече Рог, додавајќи: „Драги спортисти овие игри се ваши. Затоа пружете им магијата која сите ја посакуваме од вашите настапи и вашето однесување. Сетете се дека сте пример за младите во светот. Не постои слава без одговорност“, рече претседателот на МОК.

Спектакуларната патека беше погубна за гузискиот санкач

На Олимпијадата учествуваат натпреварувачи од 82 земји, што е најголем број досега. Церемонијата на отворање на ЗОИ беше засенета од смртта на грузискиот санкач Нодар

Olympia / Vancouver / Kumaritaschwili / Unfall

Нодар Кумариташвили го загуби животот излетувајќи од патеката

Кумариташвили. Неколку часа пред отворањето на Олимпијадата, на тренинг, тој излета од патеката за санкање и почина по ударот во метален столб. „Шокирани сме од трагедијата“, рече претседателот на МОК, Жак Рог. Ова е првпат во историјата на ЗОИ еден спортист да го загуби животот на борилиштата. Олимписката патека во Вистлер, каде загина грузискиот спортист, уште пред почетокот на Олимпијадата важеше за спектакуларна и пребрза, а според дел од експертите беше и опасна. Сега е јасно дека патеката е опасна по живот. Особеното на патеката е што таа постојано оди надолу, така што спортистите постојано ја зголемуваат брзината, се‘ до кривината на целта, која беше погубна за Кумариташвили. Најголемата брзина изнесува 155 километри на час, што според главниот тренер на германскиот тим, Рајмунд Бетге е брзина која одвај може да се контролира: „Тоа е исклучок за кој како тренер не смее да се има позитивно мислење. Таму навистина нема одговорност кон здравјето на луѓето.“

Конструкторот на патеката смета дека се потребни модификации

Патеката беше конструирана од германецот Удо Гургел. Неговата инженерска канцеларија досега има конструирано шест олимписки патеки. Тој вели дека плановите на санкачките сојузи во светот им биле познати и дека брзината била дури и посакувана:

„Патеката во Вистлер сега ни‘ покажа дека ова сигурно е границата и дека патеките не смеат да бидат побрзи. Зашто постоеше желба патеките да бидат се‘ побрзи. Тоа секогаш е директно или индиректно барање. Пресметките водат до ваков резултат и потоа заеднички се одлучува - треба ли да се дозволи ваква патека или не?“

Гургел смета дека патеката треба да се модифицира, а заштитните огради да бидат повисоки за 40 до 50 сантиметри.

Olympia / Vancouver / Georgien

Тимот на Грузија со црна лента во знак на жалост, но и со определба да продолжи со натпреварувањата

И покрај несреќата, грузискиот тим ќе продолжи со натпреварувањата на Олимпијадата. Тимот донесе одлука да „остане лојален на духот на Олимписките игри и да го посвети својот резултат на починатиот колега“, изјави грузискиот министер за спорт и култура Николос Руруа.

По тажните паузи и минутата молчење со коишто му е оддадена почит на грузискиот спортист, програмата на отворањето на зимската Олимпијада продолжи, но во финалето се случи грешка. Еден од четирите големи делови на носачот на Олимпискиот пламен не се подигна. така што една од спортистките кои го носеа факелот, Катриона лемј Доун не можеше да го искористи својот пламен за да го запали факелот.

Автор: ЕМФ/БГ/Т.Кунце/дпа/дв

редактор: Борис Георгиевски

DW.COM