1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Играчите на Борусија со мотив повеќе против Малага

Во пресрет на реванш-четвртфиналниот дуел против шпанската Малага, фудбалерите на Борусија Дортмунд добија и дополнителен мотив за успех. Премии од два милиони евра за победа!

По 100.000 евра дополнителни премии, или вкупно два милиони евра за целиот тим, ќе им бидат исплатени на фудбалерите на Борусија Дортмунд доколку изборат пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони. Оваа сума според весникот Билд ќе ја добие секој играч, дури и оние кои нема да играат во четвртфиналниот реванш со Малага.

„Полуфинале во Лигата на шампиони би бил извонреден дострел. Премиите ќе бидат на линија со успехот“, изјави за Билд претседателот на Борусија Ханс-Јоаким Вацке, но одби да ја потврди веста. Првиот четвртфинален натпревар помеѓу овие екипи кој се одигра минатата недела во Малга заврши со резултат 0:0, реваншот ќе се одигра вечерва во Дортмунд. Борусија ќе нема проблеми со повредени и казнети играчи, а се очекува враќање во тимот на Хумелс и Блажиковски. Кај Малага, казнети поради жолти картони се капитенот Велигтон и Итура. Последен пат во полуфиналето во Лигата на шампиони Борусија играла во 1997 година кога и ја освои титулата.

Во вториот вечерашен реванш-четвртфинален дуел, шпанскиот првак Реал Мадрид гостува кај Галатасарај во Истанбул и ќе ја брани предноста од 3:0 од првиот дуел.

Утре се на програмата преостанатите два четвртфинални дуели. Дербито се игра во Торино, каде Јувентус ќе се обиде да ја надокнади предноста на Бајерн Минхен од 2:0 од првиот меѓусебен дуел минатиот вторник.

Големиот фаворит Барселона пред своите навивачи го пречекува францускиот ПСЖ. Првиот меч во Париз заврши нерешено 2:2.