1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ив Летерм за ДВ: Не жалам поради укинувањето на визите

Белгискиот премиер Ив Летерм по враќањето од Балканот порачува дека Белгија не се кае за одлуката за укинување на визите, но оти искуството со економските бегалци може да влијае врз следниот бран визна либерализација.

default

Ив Летерм

Кои гаранции ги добивте од македонската влада за спречување на бранот на емигранти, кои конкретни мерки Ви беа ветени?

Летерм: Како со македонската, така и со српската влада вложивме напор во засегнатите региони за да им ставиме на знаење на граѓаните дека нема никаков смисол да емигрираат кон Белгија за да останат таму и дека барањата за азил нема никаква шанса да бидат исполнети. Второ, со засегнатите влади се договоривме за враќање на луѓето и за нивната реадмисија од страна на надлежните власти. Значи напорот е двоен – сензибилизација на населението и обврска за враѓање на српските и македонските граѓани од страна на властите.

Дали сте уврени дека овој бран ќе се намали во наредните месеци и дека нема да има потреба да се навраќаме на овој проблем, дека владите ќе работат на терен со населението?

Летерм: Да, мислам дека ги имаме и првите резултати. Има голем пад на бројот на барања за азил. Бројот за Србија и Македонија е паднат речиси на нула, ќе внимаваме како еволуираат бројките, ако има потреба ќе сториме нешто. Но, мислам дека работите се јасни како за Србите, така и за Македонците - нивната иднина не е во Белгија и немаат корист од барање политички азил, а притоа не треба да дозволат да бидат манипулирани од злонамерни луѓе кои сакаат да ја искористат нивната тешка економска ситуација.

Дали Белгија е подготвена да и‘ помогне на Македонија на економски план, преку инвестиции на пример?

Летерм: Ние во овој момент потпишуваме договори за заштита на инвестициите. Во Приштина вчера потпишав ваков договор за заштита на инвестициите. Белгискиот приватен сектор е заинтересиран да инвестира во овој регион кој се наоѓа на самиот почеток на својот економски развој и каде куповната моќ допрва ќе расте. Тоа ќе пружи многу економски прилики. Ми се чини дека ова е најдобрата гаранција да се организира економијата таму - да има повеќе работни места и поголем просперитет.

Дали жалите за одлуката за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, сега откако се случи оваа епизода?

Летерм: Не, воопшто, мислам дека вокацијата и иднината на овие земји е во Европската унија, во европската интеграција. Укинувањето на визите е важен чекор, не жалам за тоа, но ова искуство ни‘ покажува дека оваа одлука треба да биде добро подготвена, но и придружувана од други мерки.

Последно прашање се однесува на претстојното белгиско претседателство со Европската унија. Дали Балканот ќе биде приоритет за вас?

Летерм: Да, мислам дека досието “проширување“ – Исланд, Турција, но пред се‘ Балканот, е едно од приоритетните досиеја. Гледам дека за време на белгиското претседателство ќе треба да преземеме чекори за Хрватска и за Црна Гора.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM