1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иво Трајков со „90 минути“ на фестивалот „Ахтунг Берлин“

На осмото издание на „Ахтунг Берлин – нова берлинска филмска награда“ синоќа премиерно беше прикажан психо-трилерот „90 минути – Берлински проект“ на македонскиот режисер Иво Трајков, кој живее и работи во Прага.

„90 минути“ – Берлински проект“ е германски трилер зад кој стои македонскиот режисер Иво Трајков, босанскиот мајстор на камерата Суки Меденчевиќ и младиот германски актер со потекло од Тетово Блерим Дестани, кој е носите на целокупното дејствие на филмот. Поточно Дестани ја толкува улогата на популарниот актер Себастијан, кој во одлична кондиција во текот на реалните „90 минути“ истрчува големи дистанци низ престолнината обидувајќи се да го пронајде и да му се одмазди на некогашниот гуру, кого го смета одговорен за смртта на саканата. Како се случи Иво Трајков и неговиот последен филм да стасаат на фестивал кој е строго наменет за продукции од Берлин и Бранденбург, за новиот германски филм?

90 Minuten das Berlin Projekt (Film)

Македонско-германско трио на црвениот тепих: режисерот Иво Трајков, актерката Јулија Диче и актерот и продуцент Блерим Дестани



Битка со минутите

„Ова е приказна која подолго време ја размислував. Заснована е на реално време. Се случува навистина во текот на 90 минути, во текот на една вечер. Размислував кој град е толку фасцинантен што кога некаде ќе излезете во круг од 90 минути ќе ве освои со својата фотогеничност, привлечност, филмичност и интересност? И нормално ми падна на памет Берлин“, изјави за ДВ Иво Трајков. Тој дополнува дека втор значаен елемент за да се сними овој филм бил и актерот Блерим Дестани, роден Германец со наши корени кој детството го минал во Тетово. Трајков и Дестани долго се познаваат и одамна сакале да соработуваат на некој заеднички проект. Така се случиле „90 минути“, во кои Дестани е и продуцент, а целиот проект е финансиран од Л.А.Р.А Ентерпрајсис и Германскиот филмски фонд .
Во „90 минути“ се претставени најатрактивните локации на Берлин - киното „Цо Палас“, метро станицата Бундестаг, Железничката станица, Темподромот, Ликвидромот, ресторанот видиковец во поранешната термоцентрала во Мите, Олимпискиот стадион... Умешноста на Суки Меденчевиќ го остава впечатокот дека „90 минути“ се снимени во еден здив и со една камера. Иако реалните дистанците кои ги минува Себастијан (Дестани) се многу поголеми, фикцијата дозволи скратување на растојанијата меѓу различлните делови од градот во интерес на целта: за 90 минути актерот да стаса до одредена точка и да има исто толку време да

90 Minuten das Berlin Projekt (Film)

Договор во четири очи: Дестани и Трајков пред премиерата во киното „Бабилон“

се врати и назад.

Предизвикот во новото и непознатото

Имајќи ја предвид смелоста да се направи филм за град кој не е свој, го прашуваме Трајков: колку навистина го познава Берлин?
„Поминав овде половина година, припремајќи го филмот, снимајќи го... Сигурно дека тоа не е доволно да се запознае еден град. Но, го познавам подобро од секој туристи и полошо од секој Берлинчанец“, вели Трајков. Инаку, за него најинтересна била локацијата на Плажата на Бундес-пресеконференцијата, која денес повеќе не постои што потврдува колку брзо градот се менува. Токму и заради тоа, како дополнува Иво Трајков, радост е што оваа интересна точка на Берлин е овековечена во „90 минути“. Филмот што бил снимен за само две недели во 2010 година типува за едно од фестивалските одличја во главната конкуренција, кои на најдобрите ќе им бидат доделени утре (среда) вечер.