1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ИВЗ апелира партиите да не ги злоупотребуваат верските објекти

Исламската верска заедница ги осуди насилните протести (фотографија горе) кои се случија во текот на минатиот викенд во Скопје и ги повика политичките партии да не ги злоупотребуваат верските објекти.

Во ИВЗ бараат од полицијата да ги расветли случаите и сторителите да бидат изведени пред правните органи.

Оттаму изразуваат загриженост поради насилството на маскирани хулигани против деца, како и поради тоа што протестите ги организираат непознати организатори и притоа се оштетува општествен и приватен имот.

„Апелираме до сите политички партии да не ги злоупотребуваат верските објекти и кампањата да ја водат во мирна и демократска атмосфера, почитувајќи ги демократските правила, без навреди, водејќи сметка да не се нарушуваат, прво меѓучовечките, а потоа и меѓуверските и меѓуетничките односи“, се вели во соопштените од кабинетот на поглаварот на ИВЗ, Реис ул-Улема Сулејман Ефенди.

Ramadan Mazedonien Islam Fastenmonat

За во петок (08.03) преку социјалните мрежи на интернет повторно се повикува на протести по молитвата во Јајапашината џамија, односно се повикуваат сите Албанци по молитвата да излезат пред Владата и да протестираат против тепањето на млади Албанци.

Ситуацијата ескалираше минатиот петок кога група Македонци протестираа против именувањето на поранешниот командант на ОНА, Талат Џафери, за министер за одбрана. Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, имаше приведени и повредени.

Следниот ден Албанци излегоа на контрапротести поради тепањето на Албанци во петокот и во поддршка на Талат Џафери, и повторно имаше повредени граѓани, а беше запален и автобус на ЈСП.