1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: „Учеството на сите партии на изборите е добро за демократијата“

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов смета дека најавата за учество на сите политички партии на предвремените парламентарни избори кои според најавите треба да се одржат на 5 јуни годинава е добро за државата.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател денеска меѓу другото изрази и очекување дела предвремените парламентарни избори ќе поминат во најдобар ред и ги осуди сите, како што рече, најави за било какви попречувања и насилства.

Wahlen Mazedonien

„ Радува фактот што сите политички партии прифатија да учествуваат на изборите. Ова е добро и за демократијата и за граѓаните бидејќи тие имаат право на избори. Очекуваме овие избори да поминат во најдобар тек, затоа што тоа доликува на земја која 20 години е во демократија. Треба да се осуди секоја најава за какви било попречувања и насилства. Затоа апелирам до сите граѓани на Македонија дека треба да овозможат овие избори да поминат во најдобар тек, бидејќи тоа е услов за позитивен извештај од ЕУ“, изјави денеска претседателот Иванов.

Тој одговарајќи на новинарско прашање посочи дека очекувал одлуката за учество на избори да биде донесена уште на лидерските средби.

„ Очекувавме одлуката да биде донесена во моментот кога беше лидерската средба, а не сега од страна на политичките партии. Во тој момент не се чувствуваше дека таква одлука ќе биде донесена и дека одделни партии така одлучно ќе застанат зад одлуката да учествуваат на избори“, истакна Иванов.

Автор:СН/БГ/макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM