1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Средбата во Преспа за стекнување заемна доверба

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, оцени дека најавената средба во Преспа е со цел да се стекне заемна доверба. Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, смета дека средбата отвора шанса за преговорите.

default

Претседателот Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска (24.11.09) оцени дека најавената средба на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Преспа во петок е дел од контактите со грчката страна со цел да се стекне заемна доверба.

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, пак денеска истакна дека најавената средба во Преспа е можност за дијалог и шанса преговорите за името да се движат кон подобро. „Се радуваме на претстојната средба бидејќи таа е важна за процесот", изјави Рикер.

Грчките медиуми за најавената срдеба во Преспа

Суштинско прашање во Преспа во петок ќе биде билатералната средба Папандреу-Груевски, која ќе следи по трилатералните разговори за животната средина, пишува денеска грчкиот весник „Апогевматини“, цитирајќи го портпаролот на грчката влада Јоргос Петалотис. Весникот „Вима“ оценува дека е тоа знак оти Атина „продолжува со напорите да игра со отворени карти во односите со Скопје, со што ќе се овозможи да биде пронајдено решение за спорот со името“. Весникот „Елефтеротипија“, пак, нагласува дека во прв ред тема на средбата во Преспа ќе биде екологијата, но зад кулисите ќе се разговара за спорот со името.Автор: СН/АТ/миа/макфакс

DW.COM

Поврзана содржина