1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Со Самарас се’ е можно

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во рекцијата на исходот од изборите во Грција истакна дека доколку Атина и новата влада одговорно се однесува, постои можност да се дојде до решение на спорот за името.

default

Очекуваме од Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски и со внимание следиме што се случува во земјата, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов. „Грција има обврски и кон нас со Времената спогодба, со рамката која е во Обединетите нации, па и со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. Доколку одговорно се однесува постои можност да се дојде до решение. Доколку не се однесува одговорно, повторно ќе се одлага процесот и ќе се бараат изговори“, рече Иванов.

Прашан за очекувањата од мандатор Андонис Самарас, македонскиот претседател изјави: „Имајќи ја предвид неговата биографија што се’ правел во животот и политиката, се‘ е можно“, рече Иванов, кој денеска присуствуваше на отворањето на „Паркот на езерата“ во општина Аеродром, во Скопје.