1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: сакаме разумен компромис за името

Референдумот е чинот преку кој народот би требало да се изјасни околу државниот став за името, изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Македонија сака да се најде решение со кое не се засега идентитетот.

default

Ѓорѓе Иванов

Во раговорите за името Македонија сака да постигне разумен компромис и да се најде решение со кое нема да биде засегнат македонскиот идентитет, ниту да биде скршена гордоста на населението, рече денеска македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Тој дополни дека секој друг компромис е компромис под принуда, со уцена и нема да биде од корист за Македонија. Според уставот, смета шефот на државата, сувереноста произлегува од граѓаните, а посуверено право од некој да си го одреди идентитетот, нема. Оттука референдумот е чинот преку кој народот би требало да се изјасни околу државниот став за името, рече претседателот Иванов по седницата на Управниот одбор на Стопанската комора.


Автор: АТ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска