1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов-Рикер: Нема друго освен целосна интеграција во ЕУ и НАТО

Стратешките цели на РМ, членството во НАТО и ЕУ и можноста за деблокада на интеграциите, биле централни теми на средбата во Охрид на претседателот Ѓорге Иванов со Филип Рикер, заменик помошник државниот секретар на САД.

„Двајцата соговорници се согласија дека не постои одржлива алтернатива ниту за регионот, ниту за Република Македонија, освен целосна интеграција во Европската унија и НАТО“, стои во соопштението за денешната (20.08) средба од Кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Рикер, како што стои во соопштението, му честитал на Иванов за неговото лидерство, како во земјата, така и во регионални рамки.

На средбата биле потврдени партнерските односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес. Иванов му заблагодарил на Рикер и за прифатената покана да биде еден од предавачите на овогодинешната Школа за млади лидери, која се одржува под негово покровителство.

Филип Рикер посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците. Тој ќе посети и други земји во регионот. Ова е втора посета на Рикер на Македонија годинава.