1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов - претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го избра Ѓорѓи Иванов за кандидат за претседателската функција во Македонија. Денеска се очекува СДСМ да предложи свој кандидат.

default

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ го избра Ѓорѓи Иванов за кандидат за претседателската функција во Македонија. На партиската конвенција на 25.01.2009 во Скопје, Иванов доби голема поддршка од делегатите на партијата. Поддршка му дадоа 1.016 делегати, наспроти 91 делегати, кои гласаа за Тодор Петров.

Во првото обраќање пред присутните, Иванов порача: „Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, некои сакаат да ги исечат или да ни кажат дека сме со плиток корен. Македонија навистина треба да се гордее со своето наследство, меѓутоа тоа мора да биде во функција на иднината. Иднината што не очекува не е ни малку лесна,“ изјави Ѓорѓи Иванов, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска треба да биде познат и кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Според некои медиумски извештаи оваа опозициона партија ќе го предложи професорот, Љубомир Фрчковски, за свој кандидат за претседател. Либерално демократската партија пак собира потписи за поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин.