1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Пресудата од Хаг ќе влијае на самитот на НАТО

Евентуална позитивна пресуда на Меѓународниот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција ќе има одраз на самитот во НАТО во Чикаго во мај, смета македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Прашан за очекувањата од самитот на Алијансата во Чикаго, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов посочи дека сe’ ќе зависи од
пресудата на судот во Хаг в понеделник.
„Очекуваме да видиме в понеделник што ќе донесе денот, каква ќе биде
пресудата на меѓународниот суд, бидејќи тоа е поврзано со нашето блокирање
на нашето членство во Букурешт. Очекуваме, доколку имаме позитивна пресуда,
тоа да се одрази и на самитот во Чикаго“, рече претседателот Иванов.
По денешната посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата
на Република Македонија и средбата со министерот Фатмир Бесими и генерал
мајор Горанчо Котески, Иванов рече дека надлежните институции ги следат
сите случувања во регионот поврзани со безбедноста.

Автор:СН/ЖА/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM