1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов повторно повика на средба со Папуљас

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Скопје го прими новиот грчки амбасадор Теохарис Лалакос. Иванов притоа повторно го повика на средба неговиот грчки колега, претседателот Каролос Папуљас.

Македонија е подготвена за јакнење на меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес со Грција и е отворена за средби, размена на мислења и ставови, истакнал претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната средба со новиот шеф на грчката Канцеларија за врски во Македонија Теохарис Лалакос.

Во тој контекст Иванов повторно упати покана за средба со претседателот на Република Грција, Каролос Папуљас, соопшти Кабинетот на претседателот по средбата. „Длабоко сум убеден дека со тоа, ние како први луѓе на двете соседни земји, ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничката сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство“, истакнал македонскиот претседател на средбата со Лалакос, посакувајќи му добредојде во Македонија и успех во врешењето на функцијата.

Двајцата соговорници, се вели во соопштението, констатираа дека и покрај разликата со името, билатералните односи меѓу двете земји се на завидно ниво.

Македонскиот претседател изрази очекување дека за време на мандатот на Лалакос, дипломатско претставување во двете земји ќе биде подигнато од канцеларии за врски во амбасади.

Иванов и Лалакос размениле мислења и за можностите за продлабочување на соработката во сферата на високото образованието, преку создавање заеднички студиски програми, размена на професори и студенти.