1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Од Македонија се бара да се откаже од името и идентитетот

Премиерот Груевски од Крушево се закани дека „ќе биде пресретнат секој обид за оспорување на легитимитетот на владините политики“. Иванов од Пелинце порача дека е разочаран и навреден од ЕУ

Од Македонија се бара да се откаже од името, идентитетот и историјата, но Европската унија останува стратешка цел на земјата, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето по повод Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце. Премиерот Никола Груевски од Крушево се закани дека „ќе биде пресретнат секој обид за оспорување на легитимитетот на владините политики“.

„Пред точно три години, на ова исто место, реков, дека нашата цел е напредна, економски и демократски развиена држава, целосно интегрирана во НАТО и во Европската унија. Реков дека ние искрено и посветено се стремиме кон овие семејства кон кои природно припаѓаме. Свесни сме дека на тој наш пат е испречено апсурдно барање. Од нас се бара да се откажеме од тоа што сме биле, што сме и што мора да бидеме. Од нас се бара да се откажеме од сопственото име, од сопствениот идентитет“, рече Иванов на Пелинце.

Македонскиот претседател ја искритикува и ЕУ, но порача дека таа и натаму останува стратешка цел.

„Иако со непочитувањето на препораката на Бадинтеровата комисија нe разочара, иако за време на Самитот во Лисабон во 1992 година нe повреди, иако со непочитувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата нe навреди, сепак, Европската унија е најсигурниот, најдемократскиот и најхуманиот дел од светот. Европската унија е единственото место на светот каде што има мир и спокојство, напредок и просперитет. Затоа, Европската унија останува наша стратешка цел. Затоа, Република Македонија и понатаму ќе продолжи да се приближува кон Европската унија. Но, очекуваме и Унијата да продолжи да се приближува кон нас, кон Македонија“, истакна македонскиот претседател.

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

Никола Груевски

На централната прослава во Крушево, премиерот Никола Груевски предупреди дека следува период на предизвици за земјата.

„Секој обид за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и  гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот, рече Груевски.

Според македонскиот премиер, во наредниот период е потребно „збивање на редовите и чување на грбот“.

„Секој обид за доведување под прашање на легитимитетот на ова што го говорам, за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било каков момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот, потенцираше Груевски.