1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов-Николиќ: Проблемот на црквите не е нерешлив

Македонскиот и српскиот претседател велат дека можат да помогнат да се интензивира дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ. Нема промена во Белград во однос на уставното име на Македонија

Проблемот меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква не е нерешлив, ние сме тука да го помогнеме дијалогот меѓу двете цркви да се интензивира, заклучија претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Србија, Томислав Николиќ по средбата во Вилата на Водно.

„Мислам дека многу работи зависат од добрите односи меѓу двете држави. Ако ги убедиме сите наши граѓани дека пријателството е искрено, тогаш и двете цркви ќе почнат да размислуваат за решавање. Не гледам дека тука постои судир кој не може да се реши“ рече Николиќ.

Според Иванов, двајцата претседатели сепак имале различни ставови во однос на проблемот меѓу МПЦ и СПЦ, но им го оставаат тоа прашање на решавање на црквите.

За реакцијата на бачкиот епископ Иринеј, кој негодуваше поради тоа што епископот Лаврентије побара да се расправа за автокефалноста на МПЦ, Николиќ рече тоа можеби и било знак дека црквите сами можат да го решат ова прашање.

„Констатиравме дека црковните прашања бараат црковни одговори. А ние како лидери на двете соседни земји тука сме да помогнеме тој дијалог да се води поинтензивно. И јас и претседателот Николиќ имаме разбирање за тоа што било досега и тука сме да помогнеме црковните авторитети да најдат начин, дијалогот кој е блокиран да продолжи“ изјави Иванов.

Србија и Македонија имаат пречки кон европската иднина, но и двете земји имаат желба да го видат регионот во Европа.

„Од интерес на Македонија е да има интензивни разговори со нашиот јужен сосед, кој претставува пречка на нашиот пат кон ЕУ. Се надевам дека ќе се најде решение ако се има желба да се дојде до решение“ рече претседателот Иванов.

Нема промена за уставното име

Николиќ истакна дека и Македонија и Грција се пријателски земји на Србија и

Der serbische Politiker Tomislav Nikolic hat eine neue Partei gegründet Srpska napredna stranka Serbien

Томислав Николиќ

дека останува на ставот дека во овој проблем ја гледа гордоста на Македонија за тоа име и гордоста на Грција за тоа име. Неговиот став е дека двете земји треба да разговараат.

Иако Николиќ, кој додека беше во опозиција најави дека кога ќе дојдат на власт ќе го смени ставот за уставното име за Македонија, сега во својство на претседател на оваа држава изјави дека тоа не е случај и дека тоа била емотивна изјава која била дадена кога Македонија ја призна независноста на Косово.

Ова е прва официјална посета на Николиќ откако тој стана претседател на Србија. Со оваа посета, според него, Србија покажува дека нејзе и се драги и земјите кои ја имаат признаено независноста на Косово и оние кои ја немаат признаено.

Тој им се заблагодари на македонските власти што му овозможиле да ја одбележат 100-годишнината од Балканската војна.

„Сите големи битки кои Србија ги водеше во Балканските војни, се водеа на територијата на Македонија, од османлиското ропство, истовремено беа ослободени и Косово и Метохија и Скопје“, рече Николиќ.