1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов не сака да коментира шпекулации околу пресудата во Хаг

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов не сака да ги коментира написите во грчките весници околу одлуката на Судот во Хаг за македонската тужба против Грција за прекршување на Времената спогодба.

default

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов

„Во принцип до објавувањето на пресудата не се коментира. Сите досегашни коментари што се појавија во грчките медиуми можеме да ги сметаме како шпекулации и начин како да се врши притисок. Ние чекаме да се донесе пресудата. Каква и да биде ќе ја почитуваме како држава, изјави претседателот Иванов“.

Почитувањето на членот 11 од Времената спогодба шефот на државата го смета како начин да се решат забавените евроинтегративни процеси.

„Со овој член Грција е обврзана да не го блокира нашиот процес на интегрирање ако аплицираме со привременото име во Обединетите нации“, рече Иванов.

Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на неофицијални, но сигурни извори од Меѓународниот Суд, тврди дека пресудата е донесена во корист на Македонија.
Клучен аргумент за ваквата пресуда биле изјавите на тогашниот премиер Костас Караманлис и тогашната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, во кои тие најавуваат вето за интеграцијата на Македонија поради спорот за името, јавува весникот.

Според весникот, пресудата иако е во корист на Македонија, нема да и‘ наложи на Грција да не ја блокира интеграцијата на Република Македонија.

Македонија ја тужи Грциjа за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Пресудата се очекува да има не само правно, туку и силно политичко влијание врз спорот.

Автор: ЖА/ГЧ/миа

Редактор: Горан Чутаноски