Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција | Спор за името | DW | 13.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спор за името

Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција

Според македонскиот претседател договорот меѓу премиерите Заев и Ципрас е штетен за земјата и значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.

Ѓорге Иванов во денешното обраќање до македонската јавност изјави дека ова им го рекол изутрината на премиерот Заев и на министерот занадворешни работи Димитров, на кратката средба на која за првпат на увид ми бил доставен постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција. 

Според него овој договор е недостоинствен и неприфатлив, и со со него се кршат уставот, законите и се рушат државните институциите, и затоа како што рече, нема да легализира политички дивоградби. Притоа тој ја обвини владата дека  не смогнала сила и храброст за градење на заеднички став и постигнување на национален консензус. Иванов текот преговарачкиот процес го оцени како несериозен, неодговорен и нетранспарентен, за што, како што истакна, сведочи и крајниот резултат. „Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор“, порача македонскиот претседател, кои во обраќањето изнесе серија забелешки на текстот на договорот, кој според него е поразителен за Македонија.

Повеќе:

-Димитров: Ќе нѐ биде... и покрај Иванов

-Иванов, Заев и Димитров се разделија по две минути

Иванов смета дека Грција успеала да ги исполни своите максималистички барања, и оти тоа што го направила со Македонците во Грција, сега преку овој договор, настојува да го направи со Македонците во Македонија. Тој истакна дека Европската Унија и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор, кој ќе предизвика несогледливи и штетни последици по државните и националните интереси на Република Македонија и повика да престане да се злоупотребува остварувањето на стратешки цели и определби на земјата. 

Ианов уште порача дека како шеф на државата, како и досега, така и во иднина ќе се залага за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

„На крај, го повикувам македонскиот народ каде и да се наоѓа да не се плаши. Не ја губете вербата во себе. Чувајте го и негувајте го нашиот многувековен идеал на непокорот“, порача Иванов.

DW.COM