1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов на 15. Евроазиски економски самит

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска (11.04) ќе се обрати на отворањето на 15. Евроазиски економски самит, што се одржува во Истанбул, во организација на Мармара-фондацијата.

default

Во фокусот на годинешното издание на форумот се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза, енергијата преку технолошките иновации и иднината на зелената енергија, како и интеркултурниот дијалог. На агендата на форумот утре е состанокот на претседатели, кој ќе се одржи во Измир. Актуелни и поранешни претседатели ќе дискутираат на темата „Град, сиромаштија и невработеност“.

Шефот на македонската држава престојува во Турција од завчера. Во Истанбул одржа предавање на конференцијата на Алијансата на цивилизации „Балкански мир – визија за иднината со поуки“ и ја посети Цариградската патријаршија, каде што се сретна совселенскиот патријарх Вартоломеј.