1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов на средби со опозициските лидери

Новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов е за разумен компромис со Грција во спорот за името и за референдум. Ставовите ги повтори и на денешните средби со опозицијата.

default

Новоизбраниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов

Новиот македонски претседател Ѓорге Иванов, со серија консултации и средби од неформален карактер, деновиве се обидува да се промовира како личност за соработка и со опозицијата. Денеска води разговори со в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев како и со лидерот на Нова демократија Имер Селмани.

Горливата тема, која и даде белег на изборната кампања и која деновиве е повторно во фокусот на вниманието во Македонија. По импулсите што стигнаа од Вашингтон, од страна на тамошниот грчки амбасаот Александрос Маљас, но и по вчерашното соопштение на македонското МНР, за водржување од патување во Грција, новиот претседател на Македонија и денеска се наврати на темата околу спорот со јужниот сосед на Македонија. Тој по средбата со в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев повтори дека е потребно да се изнајде разумен компромис, како и оддржување на референдум, пред да се донесе конечна одлука. Иванов истакна и дека во наредниот период ќе настојува да ја информира опозицијата за текот и развојот на преговарачкиот процес. За Социјалдемократскиот сојуз е прифатлива географска одредница, подвлече Заев. Тој не ја исклучува можноста за оддржување на референдум, но според Заев претходно власта и опозицијата во Македонија треба да се договорат, правилно да се формулира референдумското прашање, истакна Заев по средбата со Иванов.

Средби со помалите партии и невладини организации


Новиот претседател на Македонија оствари средби и со раководството на Демократската унија за интеграција. Од лидерот на партијата Али Ахмети, побарал кадри Албанци кои би биле во состав на неговиот кабинет. Иванов вчера (15.04.09) имаше средби и со членови на помалите парламентарени партии и од другите етнички заедници, со кои исто така разговарал околу проблемот со Република Грција околу уставното име на Република Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов, пред неговата инаугурација на 12 мај планира да оствари повеќе средби и со невладини организации. Државната изборна комисија, денеска напладне му го врачи сертификатот на Иванов, со кој се потврдува дека е избран за четврти претседател на Република Македонија.

Автор: ДВ / Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска