1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов на прием по повод независноста на Грција

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествувал на денешниот прием по повод денот на независноста на Грција во Канцеларијата за врски на оваа земја во Скопје.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападопулу пред членовите на дипломатскиот кор, стопанственици и политичари, порачала дека за неа претставува огромна чест што претседателот Ѓорге Иванов дошол на приемот по повод денот на независноста на Грција. Пападопулу уште истакнала дека двете земји се блиски и се поврзани преку традиција и пријателство. Ова е прв пат еден македонски претседател да присуствува на прием по ваков повод .

Претходно, шефот на државата испрати честитка по повод националниот празник до грчкиот претседател Каролос Папуљас во која, меѓу другото, бара поддршка од Атина за евроинтеграциите на Македонија.

„Ја користам оваа свечена пригода да ја изразам подготвеноста на Република Македонија за продлабочување на соработката со сите соседни земји на патот кон целосна европска и евроатлантска интеграција на регионот и воедно, да го изразам моето уверување дека поддршката од страна на Вашата земја како членка на ЕУ и НАТО во голема мера ќе придонесе кон оваа заедничка цел“, се вели во честитката на Иванов.