1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: нашата стратегија „ерга омнес“ е „Република Македонија ерга омнес!“

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во предавањето на Штуловиот универзитет околу идејата за евроинтеграциите, во рамки на кое одговараше на повеќе прашања на студентите и професорите, се осврна и на спорот со името.

default

Ѓорге Иванов, претседател на РМ

„Сега некој се обидува да каже: ’Не, вие не сте Македонци, не постои македонска нација. Но, во Македонија живеат луѓе со достоинство, кои имаат право на самоопределување, врз кое се темели севкупниот меѓународен поредок. Не знам дали некој во оваа држава има проблем со својот идентитет, кој се сомнева во себе. Името Македонија постои од антиката до денес и тоа е она што не‘ прави различни од другите. Грците имаат проблем со нашето име, а ние бевме конструктивни и позитивни и направивме се‘ да им го помогнеме да си го решат тој нивен проблем“, изјави македонскиот престедател Ѓорге Иванов.

Прашан дали има смелост да го направи потребниот чекор да се реши спорот со Грција, Иванов кажа:

„Ние направивме се‘ што се бараше од нас, ги исполнивме сите бенчмаркови од Европската унија и сите обврски, па и дополнителните критериуми. Ние немаме што да сториме повеќе. Сега е на ред Советот на министрите на Европската унија да ја покаже својата политичка волја и да ни‘ даде датум за преговори. Единствена држава во човековата историја која има дополнителен критериум за влез во Обединетите нации и во Европската унија е Македонија. Таа прифати преседан, кој не е познат во меѓународните односи, да преговара за своето име.“

Шефот на македонската држава и‘ упати директна порака на Грција: „Нема да дозволиме да се уриваат темелите на меѓународниот поредок и на меѓународните односи, а тоа се правата на самоопределување и на самоидентификување. И ние имаме своја стратегија ерга омнес, тоа е стратегијата ’Република Македонија ерга омнес!’ Проблемот не е до нас.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска