1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: нашата мисија се НАТО и ЕУ

Со едноминутно молчење денеска во домот на АРМ на свечената академија по повод 11 Октомври им беше оддадена почит на жртвите од Народноослободителната војна.

default

Ѓорге Иванов

По седум децении од НОВ, наша мисија е Македонија да ја внесеме во големото евроатлaнтско семејство на држави, сo сето достоинство кое ни следува, рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на свечената академија.

„ Голем е бројот на оние кои со години нe негирале, ни го проблематизирале името, идентитетот, јазикот. Не ми е јасно како некој сe’ уште не може да го види тоа што е толку јасно и очигледно, тука сме, постоиме, знаеме кои сме и што сме, и светот нема проблем со тоа. Сме биле и ќе бидеме Македонци. Оспорувањата и негациите не можат да го сменат тоа. Ќе ги реализираме целите. Ќе имаме членство и во Европската унија и НАТО. И таму ќе бидеме тоа што сме. Друга опција не постои“, рече во својот говор Иванов и додаде дека жестоко ќе реагира ако и во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија не биде употребена придавката „македонски“.

На академијата се обрати претседателот на Здружението на борците од НОВ, Тодор Атанасовски. Тој во својот говор потсети на војната од 1941 до 1946 година во кој истакна дека Македонија меѓу првите земји се приклучила кон победничките сили.

„ Спомениците од НОВ не произведуваат антагонизам, па тие да бидат сквернавени, туку тоа се паметници на една заедничка борба меѓу Македонците, Албанците Србите, Власите и Турците“ вели Атанасовски.

На свечената академија присуствуваше премиерот Никола Груевски, поранешниот претседател и лидер на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поглаварот на МПЦ. г. г. Стефан, пратеници и амбасадори. Од албанскиот политички блок, немаше претставници, освен Абдурахман Алити од ПДП.

Македонија утре одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Симе Недевски