1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов и Хауит задоволни од постигнатиот договор

Македонскиот претседател Иванов и известувачот Хауит изразија задоволство од договорот за враќање на опозицијата во политичкиот живот. За предвремени парламентарни избори ќе се разговара по локалните

„Морам да искажам задоволство од позитивниот однос и на лидерите и од власта и од опозицијата што конечно овозможија европската агенда да се врати повторно на дневен ред во Македонија, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов на прес-конференција. Тој искажа благодарност до претставниците на ЕУ кои вложија многу напор и што Македонија и во вакви моменти има пријатели што мислат на нејзината иднина.

Како што соопшти на прес-конференцијата европратеникот и известувач во Европарламентот за Македонија Ричард Хауит, на средбата договорено е да се обнови политичкиот живот во земјата, сите политички партии да се вратат во

Собранието и да учествуваат на локалните избори. Нема одложување на локалните избори, а веднаш треба да се формира Ад-хок комисија за расчистување на настаните во Собранието од и пред 24 декамври. Овој извештај како што рече Ховит, ќе биде дел и од есенскиот Извештај на ЕК за напредокот на земјата. По локалните избори ќе се спроведат изборни реформи вклучувајќи го и избирачкиот список, со кој ќе биде опфатени и препораките од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на слободата на изразување, договорено е да се обнови дијалогот со Здружението на новинарите, како и да се применат други мерки за градење доверба.

„Задоволни сме што политичките лидери покажаа политичка одговорност и овозможија да се постигне договор со кој ќе се обнови функционирањето на институциите и ќе продолжи конструктивната работа на евроатлантската интеграција што е во најдобар интерес за земјата и за народот. Се надеваме на имплементација на договореното со што земјата повторно се враќа на патот кон евроатлантската интеграција, ќе се интензивира процесот на реформите, а

Gorge Ivanov Präsident Mazedonien

Ѓорге Иванов

Европскиот парламент и Европската комисија ќе можат да продолжат соподготовката на извештаите за земјата. Овој договор фрла светлина, но се надевам и верувам дека не е постигнат премногу доцна, рече Хауит. Тој подвлече дека никој не треба да ги потцени предизвиците со кои се соочија партиите за да се постигне договорот, со кој според него треба да се испрати и порака до земјите членки на ЕУ.

„Мојата порака до земјите членки на ЕУ е да ги надминете вашите предизвици за да овозможите да се постигнат целите на овој договор. Договорот е клучен за евроатлантските перспективи на оваа земја и иако сум задоволен што заедно со моите европски колеги помогнавме тој да се постигне, важно е да се нагласи дека е постигнат од партиите и за земјата, рече Ховит кој заедно со европратеникот и поранешен претседател на Европарламентот Јиржи Бусек беше дел од европската тројка.

Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија Ховит, одговори потврдно, но без прејудицирање на временската рамка за тоа.

„На прашањето дали овој договор вклучува предвремени парламентарни избори, мојот одговор е да. Договорот опишува, но без никаква прејудицирање. Како претставник на ЕП сум авторизан да го дадам ова толкување и во име на ЕК. Додека што се однесува на временската рамка јас нема да одговорам на тоа прашање и ќе останам на тоа што го кажав“, изјави Хауит.