1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов и Топи упатија апел за воздржаност

Претседателите на Македонија и на Албанија по средбата во Скопје порачаа дека надлежните институции се тие што треба да се справат со случајот на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

default

Секој националистички или ултранационалистички рефлекс или каква било клима на предрасуди ќе им нанесе штета на односите меѓу Mакедонците и Aлбанците во Македонија, но и на односите во регионот, изјави албанскиот претседател Бамир Топи по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Скопје.

Иванов и Топи од заедничката прес-конференција упатија порака дека луѓето треба да живеат во мир и хармонија и да делуваат и работат согласно правата и законите.

„Секој дестабилизирачки или криминален чин треба да се третира како таков и да подлежи на сите институционални истраги и да бидат дел од правните институции“, изјави Топи.

На средбата, претседателите Иванов и Топи разговарале и за петкратното убиство кај Железарското езеро во Смиљковци. Топи изрази сочувство до семејствата на петтемина убиени, но и на, како што рече, семејствата на другите жртви што претходеа на овој настан, укажувајќи на потребата да се преземат сите мерки за да се спречат овие криминални дела и да се создаде европска реалност за земјите.

„Треба да се преземат мерки за расчистување на овие криминални дела. Јас сум против насилство од кого било и против кого било и оттука праќаме заедничка порака кон луѓето да живеат во мир“, изјави Топи.

Македонскиот претседател Иванов рече дека надлежните институции одговорно се однесуваат и оти тоа го очекуваат и од другите субјекти во општеството со цел да се најдат сторителите на грозоморниот чин.

„Медиумите на не подлегнуваат на шпекулации“

„Во интерес на сите ние е да се најдат сторителите, затоа што ако се охрабриле тоа да го прават кај нас, може да го направат и на друго место. Очигледно е дека на некој не му е во интерес регионот да напредува и да се подобруваат состојбите. Очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа, а граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации и на разни подметнувања што се вообичаени во вакви моменти“, изјави Иванов.

Албанскиот претседател побара медиумите да не подлегнуваат на шпекулации и да упатуваат пораки за соживот и разбирање.

„Вие, преставниците на медиумите, треба да праќате пораки за соживот, во еден заеднички простор, каде интересот на земјата за зачленување во евроатлантските структури треба да претставува интерес на секој граѓанин и да ги изолирате сите тие злонамерни пораки што се испраќаат, што имаат националистичка заднина, особено делот што доаѓа од Србија. Работите треба да се скенираат на многу реалистичен начин. Ние сакаме европски, мирен регион, кадешто луѓето ќе живеат и работат во мир“, нагласиТопи.

Шефот на македонската држава се заложи за искрен дијалог за кое било отворено прашање. „Доста ни беа поделби, доста ни беа предрасуди, доста ни беа меѓусебни оговарања и работење, како што еден наш поет вели ’за туѓи бели дворови’“, рече претседателот Иванов.