1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов и Друцас на одвоени средби со Нимиц

Во рамките на заседанието на Генералното собрание на ОН дипломатите најавуваат нови средби на страните во спорот околу името со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

default

Посредникот Метју Нимиц: има ли нови предлози за решавање на спорот?

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доцна вечерва во Њујорк ќе се сретне со медијаторот на Обединетите Нации во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц. Средба со Нимиц утре претпладне треба да има и шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Нема најава за евентуални директни контакти меѓу македонската и грчката делегација, кои во Њујорк учествуваат на Генералното собрание на ОН.

Македонскиот претседател утре ќе се обрати на Самитот посветен на милениумските цели, а ќе присуствува и на состанокот на Глобалната иницијатива што ја предводи поранешниот американски претседател, Бил Клинтон. Предвидено е Иванов во Њујорк да учествува и на вечера организирана од актуелниот претседател на САД, Барак Обама и да се сретне со македонски иселеници.

Автор: ГЧ/СН/миа