1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов задоволен дека се враќа довербата меѓу Грција и Македонија

Македонија останува посветена на разговорите за името , им пренел македонскиот претседател на своите колеги од Косово, Албанија и Црна Гора на билатералните средби во рамките на мини балканскиот самит во Призрен.

default

Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов е задоволен од новата клима што е создадена меѓу Македонија и Грција преку средбите меѓу премиерите на двете земји Никола Груевски и Јоргос Папандреу, рекоа денеска извори во кабинетот на претседателот. Оттаму не го коментираат ставот на шефот на белгиската дипломатија Стивен Ванекере, што го пренесе вчера Дојче Веле, според кој, решението за името со Грција ќе се постигне за неколку недели.

Името-тема на билатералните средби во Призрен

Mazedonische und Grieschiche Premierminister Nikola Gruevski und Jorgos Papandreou NO FLASH

Средбите Груевски Папандре ја враќаат довербата

Од кабинетот на претседателот велат дека моментот е специфичен и сметаат дека е важно што се враќа довербата меѓу двете земји. Спорот со името бил тема на разговор и на денешните средби во Призрен на претседателот Ѓорге Иванов со претседателите на Косово, Црна Гора и Албанија, Фатмир Сејдиу, Филип Вујановиќ и Бамир Топи. Иванов притоа истакнал дека Македонија останува посветена на разговорите за името а тројцата претседатели изразиле поддршка за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение меѓу Скопје и Атина и настапиле со став дека неговото надминување е од директен интерес на трите земји.


Во фокусот на призренската средба е регионалната соработка

Покрај за спорот за името на билетаралните средби на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со претседателите на Косово, Црна Гора и Албанија во рамките на регионалниот самит, што денеска се одржува во близината на Призрен, било разговарано и за регионалната соработка на политички и економски план како и за евроинтеграцискиот процес. На средбите со тројцата претседатели меѓу другото било изразено и охрабрување за соработка во борбата против организираниот криминал.

На заедничката средба што четворицата претседатели ќе ја имаат попладнево, Иванов ќе понуди Македонија догодина да биде домаќин на третата регионална средба од овој формат, со очекување дека на неа ќе учествуваат и српскиот и грчкиот претседател, Борис Тадиќ и Каролос Папуљас.

Автор: СН/ЖА/макфакс/миа

Редактор: Жана Ацеска