1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: ЕУ мора да го врати својот кредибилитет

Македонскиот претседател во интервју за словачкиот месечник „Димензие“ оценува дека Европската унија го губи својот кредибилитет поради случајот на Македонија.

Според Иванов, одлуката на Европскиот совет во јуни во однос на Македонија била срамна, а Европската унија се солидаризира со земја-членка која од нас бара незамисливо обезличување, погазување на правото на самоидентификација и човечкото достоинство. Дополнително, како што посочува Иванов, сите се однесуваат како да не постои пресуда на Меѓународниот суд на правдата.

„Од овие причини сметам дека кредибилитетот на ЕУ во нашиот случај е доведен во прашање. Јас сум убеден дека никому не му е во интерес да се одржуваат наметнати пречки во процес кој создава заеднички придобивки. Факт е дека пристапните преговори го олеснуваат решавањето на билатералните прашања. Тоа се покажа во случајот на Словенија и Хрватска. Македонија и Грција со поддршка од Унијата би можеле да го следат и применат овој позитивен пример“.

Без разлика на овој преседан, како што вели Иванов, Европската унија останува стратешка цел на Република Македонија.

„За жал, македонскиот евроинтеграциски пат е неправедно отежнат, поради блокадата од нашиот јужен сосед, а поради нерешеното билатерално прашање за разликата околу името.

Сепак, без разлика на овој, би рекол преседан, сакам да порачам дека ЕУ е и ќе остане стратешка цел на Република Македонија сe‘ додека ја имаме поддршката од граѓаните. Граѓаните ни го довериле мандатот за исполнување на таа цел и тоа е наша обврска“, вели Иванов во интервјуто за „Димензие“.