1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: ЕУ без Македонија е незавршен проект

Претседателот Иванов на самит вo Братислава побара Македонија да добие датумот за почеток на преговори со ЕУ и да се примени искуството на паралелното движење: решавање на билатерални проблеми и приближување кон ЕУ.

„ЕУ без нашиот регион, без секоја од нашите земји, вклучително и Република Македонија, е незавршен проект“, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска (13.06) во обраќањето на Самитот на шефови на држави и влади од Централна Европа што се одржува во Братислава, Словачка.

„Република Македонија и Република Србија да добијат датум за преговори, Црна Гора успешно да напредува во преговорите до нивното завршување. Република Турција да продолжи со преговорите. Република Албанија да стане кандидат. Босна и Херцеговина, Република Молдавија и Косово да напредуваат на европската агенда. Со приближувањето кон европското семејство ги движиме општествата кон слободниот проток на луѓе, капитал, стоки и услуги“, рече Иванов.

По завршувањето на Самитот Иванов за евроинтеграцијата на Македонија подвлече: „Го истаканав отворено барањето на Македонија да го добие датумот, бидејќи тоа го заслужува и мора кон Македонија да се применуваат позитивните искуства во процесот на евроинтеграцијата. Имаме позитивен пример за паралелно движење на процесот и тоа бараме и за Македонија да се примени, затоа што дава резултати. Tака што конечно она што сме го одработиле, што е заслужено, Македонија треба да го добие, а да го добијат и сите што во регионот ги исполнуваат стандардите, критериумите и приниципите што ги бара Европа“, изјави претседателот Иванов по завршување на Самитот, кој според него е извонредна можност да се изнесат ставовите пред другите пртседатели од регионот.