1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Единство и сплотеност во Новата година

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во своето новогодишно обраќање до нацијата повика на единство. Премиерот Груевски пак, во празничното обраќање ја повика опозицијата да се врати во парламентот.

„Годината што заминува, беше исполнета со многу исчекувања и многу
предизвици. Ова се времиња кога големите идеи и големите проекти минуваат низ кризни периоди. Ние не сме имуни на сето тоа што се случува во светот, и на економски и на политички план. Вие, почитувани граѓани, ги чувствувате тие промени, но благодарејќи на вашата мудрост и вашата сила, излегуваме секогаш поцврсти и порешителни. Секоја криза во исто време е и голем предизвик, време за нови можности и надежи. Овие празнични моменти, се моменти кога нè сплотува надежта. Надежта е таа што ни дава сила да опстоиме во заедничките цели. Ни дава елан и мотив за подобра иднина“, вели Иванов.
„Ова се и моменти да се потсетиме дека никогаш не треба да го потценуваме тоа што го имаме. Да го почитуваме тоа што досега сме го стекнале, како во домот меѓу блиските, така во местото каде живееме и работиме, но и во државата како целина. Нашето одговорно однесување ни дава основа да бараме и другите одговорно да се однесуваат кон нас. Разликите и поделбите не смеат да нè одвлечат од државните интереси и стратешките цели. Потребни ни се единство и сплотеност, за успешна и просперитетна Република Македонија“, порачува претседателот Иванов.
Груевски ја повикува опозицијата да се врати во Парламентот и да учествува на избори
Во новогодишното обраќање македонскиот премиер Никола Груевски пак ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да учествува на
следните локални избори.
„За среќа, иако со последици за угледот на државата, Македонија не дозволи уривање на долго градената демократија и легитимно избраната власт на слободни и фер избори, ниту пак блокирање на земјата и‘ штети врз граѓаните со неизгласување на буџетот. Носителите на овој недемократски чин имаат шанса да повратат дел од загубениот углед на земјата ако набрзо се вратат во Парламентот и учествуваат на следните локални избори, кои мора и ќе бидат како и претходните фер, слободни и демократски“, вели Груевски.

Во своето обраќање, Груевски го споменува извештајот на Европската Комисија, кој според него, бил досега најпозитивниот извештај иако Македонија не доби датум за почеток на преговорите. Премиерот истакна дека членството во ЕУ и НАТО останува предизвик за Македонија, исто како и борбата за зачувување на националното достоинство и идентитет.