1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Грците ни го зајакнуваат патриотизмот

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за австриски „Ди Пресе“ ја обвини Грција за намерно одолговлекување на решението на спорот со името, истакнувајќи дека очекува прием на Македонија во НАТО.

default

Ѓорге Иванов

„Македонското прашање не се наоѓа високо на агендата на Атина. Имаме проблем, а Грција нема никаков проблем“, вели Ѓорге Иванов во интервју за виенскиот дневен весник „Ди Пресе“.

„Атина го блокира почетокот на преговорите со ЕУ. За членство во НАТО веќе ги исполнивме сите критериуми, но Атина во 2008 година стави вето. Тоа има негативни последици за целиот регион. Нас нe‘ блокираат, Косово не е признато, во конфликтот околу Кипар ништо не напредува, но Грција е членка на ЕУ. Тоа е логика на одолговлекување. Тоа што Грците и‘ направија на економијата, тоа го прават и во политиката“, вели Иванов.

Македонскиот претседател за австрискиот весник вели дека Скопје очекува НАТО да ја испочитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, според која Грција го крши меѓународното право со противењето на приемот на земјата во Алијансата.

Иванов објаснува и дека граѓаните од двете држави немаат проблеми едни со други, посочувајќи дека Грците се и меѓу најголемите инвеститори во земјата. Во однос на споменикот „Воин на коњ“, Иванов смета дека тој не треба да ги лути соседите, правејќи паралела со Виена, каде постојат многу историски зданија. На прашањето дали изградбата на историската архитектура во центарот на Скопје служи за зајакнување на националниот идентитет, Иванов вели дека се работи за респект кон културното наследство.

„Дали сме ние виновни што кај нас има антички градови или тоа што бабата на Александар е родена во Хераклеја? На Грците треба да им бидеме благодарни: колку повеќе не’ напаѓаат, толку се посилни нашите патриотски чувства!“, заклучува Иванов во интервјуто за „Ди Пресе“.

Автор: БГ/макфакс/дипресе

Редактор: Е.М. Фиданоска