1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов го кани Папуљас во Македонија

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов го кани грчкиот претседател Каролос Папуљас да ја посети Република Македонија. Посетата, како што се наведува, треба да даде силен импулс за јакнење на добрососедските односи.

default

Претседателот Ѓорге Иванов

Поканата до грчкиот претседател Каролос Папуљас, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов денеска во неговата резиденција на Водно и‘ ја предаде на грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападопулу.

„Господине Претседател, поаѓајќи од нашите цврсти определби за јакнење на односите за добрососедство и развивање на меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес, притоа водејќи се од заедничката визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство, со особено задоволство и чест Ви упатувам покана за официјална посета на Република Македонија. Длабоко сум убеден дека со Вашата посета ние како први луѓе на двете соседни земји ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија и дефинитивно ќе дадеме дополнителен силен импулс за јакнење на добрососедските односи“, стои во писмото од Иванов до Папуљас.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изрази надеж дека неговиот грчки колега Карослос Папуљас ќе ја прифати поканата да ја посети Република Македонија.

Автор: АТ/миа

Редактор: Жана Ацеска