1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов: Глигоров-прв носител на највисоко одликување

Македонскиот претседател Иванов изрази сочувство до семејството на Киро Глигоров. Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава, нека му е вечна слава, стои во соопштението.

default

Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изрази сочувство до семејството на починатиот македонски претседател Киро Глигоров.

„Претседателот Глигоров беше носител на Орденот на Република Македонија, прв кој го понесе највисокото македонско одликување.

Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава. Нека му е вечна слава“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

„Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. По извршувањето на повеќе одговорни функции во поранешна Југославија, во 1991-ва година во македонското Собрание беше избран за претседател на Републиката. Вториот претседателски мандат го доби на изборите во 1994-та година. Неговите два претседателски мандати ги одбележа етаблирањето на Македонија како независна држава“, се вели во соопштението од Иванов.

Автор: ЖА/миа

Редактор: А. Трајковска