1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов ги поддржува протестите на младите за поголема демократија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја смета за искрена иницијативата и желбата на младите луѓе кои повеќе денови протестираат барајќи да се расветли убиството на младиот Мартин Нешковски.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Иванов ја дава својата поддршка за барањата расветлувањето на убиството да се направи во рамки на институциите согласно Уставот и законите.

„Одлуката на младите луѓе, поттикнати од оваа голема трагедија, да се ангажираат и да ги искажат своите ставови ја сметам за искрена иницијатива и искрена желба да се придонесе за подобрување на демократијата. Активистите кои се ангажираа на протестите или беа активни преку социјалните мрежи покажаа одговорност и сериозност. Но апелирам интернетот и социјалните мрежи да не се користат за промовирање на говорот на омразата. Се надевам дека овој вид на конструктивност ќе вроди со прогрес и унапредување на функционирањето на сите демократски институции во Република Македонија“, се вели во отвореното писмо од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по повод писмото испратено од страна на група граѓани.

Proteste in Skopje Mazedonien

Младите бараат расветлување на убиството на Нешковски

Иванов исто така сака расветлување на убиството на Нешковски

Во писмото се додава дека претседателот со внимание ги разгледал барањата и предлозите доставени по повод смртта на Мартин Нешкоски.

„Се придружувам во повиците овој случај да биде расветлен преку институциите на системот, согласно Уставот и законите, и одговорното лице или лица да бидат казнети, правдата да биде задоволена и да биде опомена за спречување на вакви трагедии во иднината“, се истакнува во отвореното писмо.

Секогаш, додава Иванов во писмото, сум поддржувал и сум учествувал во иницијативи за отворање на дебати како да се обезбедат повисоки стандарди на демократијата и слободата во Република Македонија.

Protest Jugendliche Skopje Mazedonien

„Тоа го правам и сега, особено кога такви иницијативи доаѓаат од млади луѓе. Вашата иницијатива, за отворање на дебата за работата на службите на редот и мирот и нивната работа и одговорност во рамките на законот и единствено во интерес на граѓаните, ја има мојата поддршка. Во интерес на сите нас е оваа дискусија да се води рационално. Македонија е доволно зрела демократија и отворено општество да овозможи сите граѓански иницијативи за подобрување на системот, да се артикулираат низ институциите. Јас, како Претседател на Република Македонија, сум подготвен да бидам активен учесник во оваа дискусија.Македонското општество е длабоко потресено од смртта на младиот Мартин Нешкоски. Ниту еден човек, родител, граѓанин на Македонија, не може да остане рамнодушен од овој настан. Семејството Нешкоски претрпе ненадоместлива штета, и сите ние како нивни сограѓани ја делиме нивната болка, истакнува претседателот Иванов во писмото.

Дваесет и двегодишниот Мартин Нешковски беше претепан до смрт од припадник на специјалната полициска единица „Тигри“ ноќта помеѓу 5 и 6 јуни на во центарот на Скопје.

Автор: ЖА/ТТ/миа

Редактор: Жана Ацеска

-