1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов во Истанбул ќе има средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов го продолжува престојот во Истанбул каде синоќа на конференцијата на Алијансата на цивилизации упати порака за мир и поголемо разбирање меѓу луѓето.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој престојува во повеќедневна посета на Турција,денеска (10.04) во Истанбул ќе има средба и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претходно тој ќе присуствува на молитва во Цариградската патријаршија.

Иванов вчеравечер во обраќањето на конференцијата на Алијансата на цивилизации „Балкански мир – визија за иднината со поуки“, што се одржува во Истанбул, порача светот да не ги повторува грешките од минатото за да биде подобро место за живеење, со што помалку конфликти, а повеќе слобода и демократија. Луѓето и религиите да се разбираат што повеќе, а цел на секој поединец да биде стремежот за слобода. Македонскиот претседател пред повеќе од 200 учесници на конференцијата направи преглед на последиците од конфликтите низ историјата во балканскиот регион и укажа на опасностите и причините за идни конфликти.

Во тек на престојот во Турција шефот на македонската држава утре ќе се обрати на отворањето на 15-от Еврозаиски економски самит во Истанбул. Тоа ќе биде негово трето учество на форумот што традиционално го организира Мармара фондацијата.